Thursday, May 26, 2011

Јапонско решение

Како во јапонија решиле проблем со малку простор


Јојоговци од Токио си стокмиле ново живеалиште. 80м2 дизајн на frontofficetokyo.
                               Оваква снаодливост добро би дошла и во некои кврартови од Скопје

Sunday, May 22, 2011

Маса од иднината!


 ...едно точкесто искуство :)





Интересен дизајн на маса која е изведена од еден вид на метал кој има висок степен на рефлектирачки сјај и ја проектира масата во две основни  бои - црна и бела
Погледнете, доста футуристички!

Friday, May 20, 2011

Зелена боја- совршена за опуштен дома

Зелената боја е добра ромена за вашиот ентериер таа симболизир опуштеност, природа и позитивна енергија. Може да се комбинира со: бела, морско сина и песокливабоја.


Зелените дневни соби го одржуваат духот на Азија.





Зелените декорации се секогаш интересни.
Од  вашата спалнасоба создава совшено катче за одмор и релексација.



Пренамена на заштитена црква

Австралиското архитектонско студио Willis Greenheigh Architects го направи проектот од пренамената од старата црква во Бризбен, која сега е современ дом. Објектот е изграден уште во 1867 година и скоро цел век служел како центар на локална заедница и место на духовност на граѓаните. Кратко време служел како театар, кој за жал немал долг живот. Со децении објектот не се употребувал, а тоа се рефлектирало на сите аспекти на неговата материјализација, односно проектот на реставрација и пренамена имал обемен карактер.
За разлика од законите кои се бават со граѓанско наследство во Србија, каде што пренамената на заштитените објекти скоро е невозможна, повеќе земји практикуваат либерално однесување спрема своето градителско наследство. Вистински пример е овој проект, каде што заштитениот објект е претворен во два луксузна дома. Екстериерот е вратен во првобитната положба, а ентериерот е уреден во современ дух.
Проекти од ваков карактер не се реткост во современата архитектура, всушност дури е вчудувачки колку црквени и станбени програми можат да бидат компактабилни. Со овој проект е креиран дом со исклучителен квалитет, кој е облеан со дневна светлина, и кој поседува многу необична атмосфера, која е резултат на богатата историја на овој објект.







Музеј на спомен и толеранција

Музеите претставуваат типологија на објектот, кај кои архитектурата има клучна улога во посетеноста и успехотвоопшто. Без оглед на брзиот развој на технологијата и промената на нашиот поглед кон секојдневието, музеите успеаа да станат безвременска категорија, која игра важна улога во чувањето на спомените на настаните од минатото.

Неодамна отворениот “Museo Memoria Y Tolerancia” (Музеј на спомени и толеранција) во престолнината на Мексико со својата драматична архитектура ја пренесува пораката за страдањето на децата за воените случувања во светот.



Дизајнот на овој музеј е производ на архитектонското студио “Arditti+RDT Architects”. Внатрешноста на музејот наиде на позитивни критики, односно се смета за да може овој објект да стане важен носител на едукативна и културна понуда на оваа метропола.

Обликувањето на ентериерот во голема мера се потпира на челична носечка структура со кои се креирани големи непрекинати простори, пространи внатрешни галерии, и централна носечка структура која се наоѓа во центарот на атриумот.


Всушност, оваа структура на коцкестиот облик претставува централен мотив на музејот кој е видлив од сите катови. Покрај тоа дизајнирана е така да низ неа да се вкрстуваат комуникации, кој ќе биде срце на објектот.

Надворешноста е дело на холандскиот уметник Јан Хендрикс, кој одлучил симболично да закачи коцка на конец од 20.000 мали стаклени топки кои ќе ги симболизираат солзите.









Луксузен триплекс во Трибека, Њујорк

Во срцето на Трибека, Њујорк, која е позната по скапите станови и високата цена на имот, деновиве беше реновиран и пуштен во продажба овој спектакуларен триплекс.Станот е со вкупна квадратура од околу 1.250м2, со четири спални соби и 6 бањи и тераса од 260м2. Со катна висина од 3,50-4,50 м, се простира на последните 3 спрата од 6 катна станбена зграда изградена во 1862 година.


Резиденцијата, чија светлина и размер се навистина неспоредливи, е реновирана во оригиналниот дух на објектот, со задржување на оригиналните столбови од лиен челик и со користење на завршни материјали од највисок квалитет. Централното место го зазема стакленото скалиште, кое дозволува светлото од кровот да продре се’ до 4-тиот кат.


Апартманот, со безброј карактеристики и скапи детали, се нуди на пазарот заедно со приватната сала за вежбање и кошаркарското игралиште со половина големина, кои се сместени во подрумот. Овој величенствен простор може да биде ваш за „само“ 30 милиони долари.












Кафе бар Мелтино

LOFF е португалско дизајнерско архитектонско студио кое што го проектираше овој интересен угостителски објект во португалскиот град Брага. Овој кафе бар се вика Мелтино, а визуелно е поделен на две целини, кои се во взаемна врска со аспектите на дизајнот.
Лаунџ барот нуди опуштена атмосфера и исклучително голем избор на различни видови на кафе додека самиот бар со дизајнот ги повикува гостите да уживаат во неколку видови на еспресо кафе.
Дизајнерите имале замисла цел проект да биде изведен во геометризација на зрно кафе, за гостите да немаат чувство дека се наоѓаат во комерцијален простор, туку максимално да се препуштат на задоволството.Ентериерот е разделен на перфоррирани панели, каде што перфорациите се во облик на зрно кафе, и се повторува како лајф мотив.

Панелите се изработени од борово дрво, кој е лак за обработка и е со светла боја. Подовите се од линолеумски карактер. На ентериерот е посветено големо внимание а изработен е од материјал кој е добиен со деривација на зрно кафе. Ентериерот го исполнува просторот и апелира на чувства исполнети со мирис на кафе.